10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСуверениот боливар доведе до затворање на илјадници продавници во Венецуела

Суверениот боливар доведе до затворање на илјадници продавници во Венецуела

Венецуела воведе нова валута суверен боливар за да ја спаси својата економија, но илјадници трговски центри, супермаркети и пекарници се затворени, пишува Си-ен-ен.

Овој екстремен потег од страна на Владата е последица на предупредувањата на ММФ дека инфлацијата до крајот на оваа година би можела да достигне дури еден милион отсто, како и фактот дека стотици илјади Венецуелци бегаат од земјата поради недостиг на храна и лекови и сè поголем степен на криминал.

Сега на пазарот се користат и старата и новата валута, што дополнително ги збунува трговците и граѓаните. Дури и црниот пазар е замрзнат, бидејќи луѓето веќе не знаат со која валута да тргуваат, со долари, стари боливари или, пак, со новите суверени.

„Овој потег беше премногу нагол и збунувачки, бидејќи Владата не се координира со другите сектори пред да одлучи да се промени валутата„ – изјави политичкиот аналитичар Феликс Сеијас.

Освен девалвацијата на валутата, владата најави и други економски промени, како што се зголемување на минималната плата за 3 000 отсто, раст на ДДВ-то и намалување на моментално високите даноци на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП