7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏакарта ќе исчезне до 2050 година, иста судбина ги очекува и други...

Џакарта ќе исчезне до 2050 година, иста судбина ги очекува и други градови

Во главниот град на Индонезија, Џакарта, зачестија поплавите, што не треба да изненадува имајќи предвид дека се наоѓа во мочурлива област, дека низ неа поминуваат 13 реки и ја заплискуваат брановите на Јаванското Море.

Поради сето наведено, моментно главен проблем е како да се спаси градот бидејќи тој полека тоне, а експертите предвидуваат дека до 2050 година неговите поединечни делови може да бидат целосно потопени.

Ако нешто не се преземе по ова прашање, Џакарта ја очекува неизвесна судбина, објави Би-би-си.

Џакарта тоне во сиромаштија, во буквална смисла. Градот не може да добие доволно вода од околните резервоари на вода за пиење, а граѓаните се принудени да се потпираат на длабоки бунари и да црпат вода под сопствените нозе. Како резултат на тоа, подземните резервоари се распаѓаат и со тоа го снижуваат тлото.

Освен главниот град на Индонезија, постојат уште неколку градови кои полека тонат и ги чека неизвесна судбина.

Венеција и нејзините познати канали одамна тонат, така што туристите сè почесто ги обиколуваат знаменитостите на главниот плоштад Свети Марко во чизми.

Њу Орлеанс, во американската држава Луизијана, познат по својата музика, храна и ноќен живот, е исто така на листата на градови на кои им се заканува опасност да бидат поплавени.

Опасност од исчезнување им се заканува и на Дака во Бангладеш, како и на Хо Ши Мин во Виетнам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП