12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриската влада ги зголемува пензиите

Австриската влада ги зголемува пензиите

Австриската влада има намера да ги зголеми пензиите, првенствено на пензионерите со пониски примања.

Пензиите ќе се зголемат за два отсто, врз основа на прилагодувањето на инфлацијата, но примателите на мали пензии ќе имаат поголемо покачување од тоа.

Дополнително е предвидена еднократна финансиска помош во висина од 100 евра.

Австриската опозиција ги критикуваше плановите на владата. Особено Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) истакна дека зголемувањето е недоволно.

Заменик-канцеларот и лидер на Партијата на слободата (ФПО), Хајнц-Кристијан Штрахе, истакнува дека со ова се исполнува предизборното ветување на либералите.

„Особено нашата постара генерација, која работеше цел живот за изградба на Австрија, има право на фер удел во економскиот раст и на зголемување на пензиите“, изјави Штрахе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП