19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го именуваше својот нов кросовер - Arkana 

Renault го именуваше својот нов кросовер – Arkana 

„Renault“ ја потврди премиерата на новиот кросовер во „С“-сегментот кој го добива името „Arkana“ и ќе дебитира точно за недела на автомобилскиот саем во Москва.

Компанијата објави и фотографија на багажникот на новиот модел, а сликата сугерира дека би можеле да очекуваме дизајн близок до оној на „Megane IV“. Прототипови на „Arkana“ на неколку пати беа забележани за време на тестовите, а формите на кросоверот покажуваат дека станува збор за модел кој ќе личи на „BMW X4“. Францускиот модел ќе биде помал и, најверојатно, ќе биде сличен по големина на популарниот „Renault Kadjar“.

„Arkana“ ќе биде глобален модел и потврдено е дека неговата продажба ќе започне прво во Русија и моделот ќе биде достапен во 2019-та година. Првично производството на „Arkana“ ќе стартува во фабриката на „Renault“ во Москва, каде што ќе се составуваат единиците за локалниот пазар, а понатаму моделот ќе биде лансиран и на други пазари, при што се смета дека со предност е Кина.

Нема да биде изненадување ако „Arkana“ го добие ентериерот на „Kadjar“ со мали промени, а е речиси сигурно дека инфо-забавниот систем и управувањето со климата ќе се идентични. Многу аналитичари во Франција очекуваат дека првата серија, онаа која е наменета за Русија, ќе излезе на пазарот со поевтина и тврда пластика, бидејќи компанијата ќе бара поевтини решенија за локалниот пазар, но за Европа моделот ќе е поразличен, се додека тој се појавува на Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП