20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: САД и Европа ја зголемуваат својата битка со кинеските...

График на денот: САД и Европа ја зголемуваат својата битка со кинеските инвестиции

Трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп против Кина и растечкото протекционистичко расположение на Запад доведоа до постуден однос кон кинеските инвестиции веќе некое време. Како резултат на тоа кинеските превземања во САД се намалиле значително од рекордите во 2016-та година и е малку веројатно повторно да почнат да растат, коментира „Statista“.

Минатата недела Трамп потпиша промени во законодавството за Комисијата за странски инвестиции во САД, со кои го проширува надзорот, се потпира на националната безбедност, врз странските инвестиции во земјата, ги затегнуваат дополнително правилата за технологијата, недвижностите, инфраструктурните трансакции и инвестициите во бизнисите кои управуваат со лични податоци.

До скоро кинеските инвеститори ја гледаа САД како земја која ги ограничува многу посилно странските инвестиции од Европа. Европа привлече значителни големи количини на кинески инвестиции најмалку за една деценија. Но, за некое време, Западна Европа исто така има тенденција да ги заостри правилата.

По контроверзното кинеско стекнување на водечката германска компанија за индустриски роботи „Kuka“ во 2016-та година, Германија ги зајакна своите закони за странски инвестиции. Овој месец за прв пат германската влада стопираше обид за купување од Кина на германски производител на машински алатки.

Дури Велика Британија, која забележа рекордни кинески инвестиции во 2017-та година, неодамна откри нова политика, која ги проширува надлежностите на владата, за да може да ги спречува странските инвестиции и во голема мера се фокусира на трансакциите од Пекинг.

Некои аналитичари веруваат дека Кина, иако ги исполнува можностите за превземања на потребните технологии, ќе го забрза отворањето на пазарите кон остатокот од светот и ќе покаже реципрочен однос кон странските купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП