КОМПАНИИ

ЗК Пелагонија АД Битола книжи зголемени загуби за првото полугодие од 2018

ЗК Пелагонија АД Битола за периодот јануари-јуни 2018 година оствари оперативни приходи во износ од 330.046 илјади денари, и истите бележат намалување од 27 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Оперативните расходи во деловната 2018 година опфаќаат износ од 729.733 илјади денари и истите се зголемени за 12 отсто во однос на лани.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира приходна ставка во износ од 240.462 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од  159.225 илјади денари.

Друштвото оствари загуба од редовно работење на износ од 179.068 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.