3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиското ниво на водата на Дунав ги „паркира“ крузерите во Виена

Ниското ниво на водата на Дунав ги „паркира“ крузерите во Виена

Ниското ниво на водата на реките во Европа предизвикува проблеми во речниот сообраќај, па поголем број капетани одлучија привремено да ги „паркираат“ нивните бродови додека да се зголеми нивото на водата. Во моментов, има неколку патнички бродови во Виена и нејзината околина.

Најмалку 20 бродови се врзани во пристаништето на мостот Рајсбрик во Виена, а десетина подалеку во пристаништето Нусдорф.

Во Австрија не е изречена забрана за пловење поради ниското ниво на водата, а капетаните можат да пловат на сопствен ризик.

Во Германија, пак, нивото на водата е толку ниско во некои делови на реката што е тешко да се помине со бродови, па затоа товарните бродови пловат со значително помал товар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП