4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба меѓу првите даночници од Македонија и Косово

Средба меѓу првите даночници од Македонија и Косово

Директорот на даночната администрација на Косово, Сакип Имери, и претставниците на високиот менаџмент од косовската даночна администрација ја почнаа дводневната билатерална посета на Управата за јавни приходи.

На средбата од страна на директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, беше истакната досегашната соработка со даночната администрација на Косово, како и подготвеноста на македонската даночна администрација и во периодот кој следува да разменува искуства со колегите од Косово, во сите области од интерес на двете страни.

За време на средбата директорите разменија искуства за предизвиците со кои се соочуваат двете даночни администрации, специфичноста на даночните обврзници кои ги администрираат, како и тековните и идни проекти со кои се очекува да ги зајакнат оперативните капацитети и да придонесат за модернизација на даночните управи во двете земји.

Имајќи ги предвид обемот на темите и областите од заеднички интерес и соработка, првите даночници од Македонија и од Косово разговараа и за можноста од потпишување меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи продлабочување на соработката во делот на размена на искуства, трансфер на знаење и најдобри практики, поттикнување на доброволна даночна усогласеност, како и превенција, откривање и борба против даночната евазија во двете земји.

За време на дводневната посета во Управата за јавни приходи, колегите од косовската даночна администрација ќе се запознаат со македонското искуство од воведувањето на ГПРС-фискализацијата, како и со правни и практични аспекти на определени даночни прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП