4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНародната Банка чува над 2.6 милијарди евра – за што служат овие...

Народната Банка чува над 2.6 милијарди евра – за што служат овие пари?

Народната Банка (НБРМ) чува 2 милијарди 622 милиони и 800 илјади евра. Девизните резерви пораснале за 349 милиони и 500 илјади евра за една година.

Според најновите податоци заклучно со 31.07.2018 НБРМ располага со 2 милијарди и 124.8 милиони во хартии од вредност, 275.9 милиони во валути и депозити, 231.2 милиони евра во монетарно злато и 3.9 милиони во специјални права за влечење.

Речиси во текот на целата измината година девизните резерви имаа тенденција на намалување, паѓаа во сите месеци освен во февруари, август, октомври и декември.

Трендот целосно се промени во јануари оваа година, кога беше издадена Евро обврзницата „тешка“ 500 милиони евра по што дојде до стабилизирање на парите кои ги чува НБРМ.

Девизните резерви освен во евра и американски долари се чуваат и во австралиски и канадски долари, како и во норвешки и шведски круни. Оваа практика стана поизразена пред неколку години откако се засили кризата во Евро зоната.

Според податоците на светските централни банки за првиот квартал од 2017-та година, повеќе од половина од девизните резерви во светот беа во американски долари (63.5%). Втора, но со многу помал процент е еврото – 20%. Веднаш потоа, јапонскиот јен и британската фунта  (4.5%), канадскиот долар (2%), австралискиот долар (1.8%) и кинескиот јуан (1.1%).

Инаку девизните резерви ја гарантираат вредноста на денарот. И стојат на располагање на Народната Банка за регулирање на нерамнотежите во платниот биланс и на девизниот пазар.

Гледано по години, во 2017-та девизните резерви се намалија за 277 милиони евра, во 2016-та пораснаа за 351 милион евра (издадена Евро обврзница), во 2015-та се намалија за 231 милион (отплата на доспеани кредити), во 2014-та се зголемија за рекордни 484 милиони евра (издадена Евро обврзница).

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП