4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработува Џеф Безос во една секунда? Ќе бидете изненадени!

Колку заработува Џеф Безос во една секунда? Ќе бидете изненадени!

Стотици вработени во „Washington Post“ потпишаа отворено писмо ова лето, упатено до Џеф Безос.

Од најбогатиот човек во светот е побарано зголемување на платите и подобри бенефиции за луѓето што работат за него.

„Ве молиме, покажете му светот дека освен што ја предводите листата на милијардери со најголемо богатство, исто така можете да споделите дел од оваа богаство со луѓето кои ви помагаат да го заработите“, напишаа вработените на компанијата до Безос.

Оттогаш до денес богатството на основачот на „Amazon“ и сопственик на „Washington Post“ продолжува да расте до неверојатни 155 милијарди долари.

Колкави се платите во „Washington Post“ и како тие можат да се споредат со богатството на Безос, прашува „Time“.

Како и повеќето милијардери, Безос исто така не е исклучок, тој не ги заработува своите пари од плати и бонуси, туку од растот на акциите на неговата компанија. Податоците на „Bloomberg“ покажуваат дека тој поседуваше 99 милијарди долари на крајот од минатата година, а денес тие се за 56 милијарди долари повеќе.

22-ри август е 234-тиот ден од годината. Ако 56,3 милијарди долари ги поделиме на 234, тоа значи дека секој ден од 2018-та до денес Безос заработува просечни 240 милиони долари. Или 10.02 милиони долари на час, а исто така и 2.785 долари во секунда.

Безос го купи „Washington Post“ во 2013-та година за сума од 250 милиони долари, што значи дека му треба малку повеќе од еден ден повторно да го купи весникот.

Податоците на „PayScale.com“ покажуваат дека просечната плата на вработени во „Washington Post“ е 78.000 долари годишно – пари што Безос може да ги заработи за … 28 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП