26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенецот сака да остане на чело на УЕФА

Словенецот сака да остане на чело на УЕФА

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денес официјално е номиниран за нов мандат на чело на европската куќа на фудбалот.

Чеферин за својот втор мандат е кандидиран од својата матична куќа, Фудбалскиот сојуз на Словенија. Инаку, последен рок за поднесување кандидатури до УЕФА е 7 ноември, а изборот на новиот претседател ќе се одржи на 7 февруари наредната година во Рим.

Реизборот на Чеферин до сега официјално го поддржале Италија, Ирска и Норвешка како претставник на шест нордиски и скандинавски сојузи.

Александар Чеферин за претседател на УЕФА е избран во септември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП