4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја прошируваат листата на санкции против Русија, Москва критикува

САД ја прошируваат листата на санкции против Русија, Москва критикува

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прошири листата на санкции за Русија воведувајќи рестрикција за четири компании и двајца руски државјани.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите биле воведени поради обид на Русија да ги заобиколи американските санкции воведени во јуни, како одговот на хакерски напади врз американската енергетска мрежа и телекомуникациска инфраструктура, наведе „Асоушиејтед прес“.

Санкции беа воведени и врз две руски компании осомничени дека префрлале нафтени производи на бродови од Северна Кореја, кршејќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Сакциите ги замрзнаа имотите на тие компании и поединци во САД, а на американските државјани забрането им е да соработуваат со нив.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека санкциите се засновани на злонамерни инсинуации и дека го одржуваат тврдоглавиот, ограничен и агресивен пристап на САД.

Рјабков рече дека Русија ќе одговори не загрозувајќи ги сопствените интереси и ќе продолжи со смирена и планска работа на констрултивната агенда.

Додаде дека американските обиди да издејствуваат остри сакции во ОН за Северна Кореја нема да дадат резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП