28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во индустриските и логистичките центри во Европа остануваат силни

Инвестициите во индустриските и логистичките центри во Европа остануваат силни

Инвестициите во индустриските и логистичките центри во Европа остануваат стабилни во периодот од 12-те месеци до јуни, според „CBRE“.

Вкупниот обем на инвестиции достигна 31,3 милијарди евра, што претставува пад од 21% во однос на 12-те месеци до јуни 2017-та година. Но, по исклучувањето на мега зделката за продажбата на паневропската компанија „Logicor“ за 12,25 милијарди евра, која беше финализирана во јуни минатата година, инвестициите во логистички простор во 12-те месеци до јуни се зголемија за 14%.

Инвестициите само во првото полугодие од оваа година се зголемија за 8% во однос на истиот период од минатата година, без да се земе предвид „Logicor“. Сепак, во второто тримесечје, инвестициите во логистиката се намалија за 12% во споредба со првиот квартал.

Повеќето инвестиции во логистиката и индустриските центри во првата половина од годината привлече Италија, со волумен повеќе од двојно. Потоа следат скандинавските земји со зголемување од 43% и Шпанија со раст од 8%. Земјите од Централна и Источна Европа привлекоа 24% повеќе инвестиции во првата половина во споредба со истиот период од минатата година.

Велика Британија, која е најголемиот пазар во Европа, забележува опаѓање од 7% до 4,1 милијарди евра, а во Германија нивото на инвестициите останува непроменето и достигнува 3,2 милијарди евра.

Приливот на капитал во европскиот индустриски сектор достигна 31 милијарди евра во 12-те месеци до јуни, што е пад за 22% на годишна основа и раст од 12% при исклучување на договорот за „Logicor“.

Зголемувањето делумно се должи на купувањето на меѓународната градежна компанија „Gazeley“ од „GLP“ за 2,4 милијарди евра во четвртиот квартал од минатата година. Но, капиталните приливи се зголемија само за 5% на 14,4 милијарди евра во првата половина од годината.

Приливот на капитал од Европа бележи раст од 7% до 17 милијарди евра, а овој од Северна Америка се зголеми со 27% до 5,6 милијарди евра. Азиските инвестиции се намалени до 3,3 милијарди евра, но по исклучувањето на договорот за „Logicor“ забележуваат раст од 16%. Европските прекугранични инвестиции исто така се зголемија за 5%.

„Инвестицијата во првата половина беше пониска од истиот период од минатата година, само исклучиме договорот за „Logicor“ во пресметката. Секторот за логистика во Европа, Блискиот Исток и Африка останува силен и продолжува да генерира значителен интерес. Забележуваме сериозно внимание од инвеститорите од Северна Америка, кои покажуваат доверба на глобалниот пазар, а се зголемуваат и локалните и прекуграничните инвестиции. Очекуваме интересот кон секторот да се задржи до крајот на годината, како од страна на меѓународните, така и од локалните инвеститори“, вели Марк Картлич, шеф на одделот за „индустриски и логистички центри во Европа, Блискиот Исток и Африка“ во „CBRE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП