Производителот на „Chat Software“ – „Slack Technologies Inc.“ го продолжи своето енергично темпо на прибирање финансиски средства со нов инвестиционен круг од 427 милиони долари. Зделката, предводена од „Dragoneer Investment Group“ и „General Atlantic“, го проценува бизнисот на околу 7,1 милијарди долари, објави во вторникот компанијата од Сан Франциско.
Само пред една година инвестицијата на јапонската „SoftBank Group Corp.“ ја оцени „Slack“ на 5 милијарди долари. Последниот договор сега доведе до зголемување на вкупната актива на „Slack“ на 1,27 милијарди долари. Компанијата изјави дека повеќе од 8 милиони луѓе ја користат нејзината услуга секој ден, а 3 милиони од овие корисници генерираат приходи за бизнисот. Меѓу нејзините клиенти се „CBS Corp“, „Buzz Feed“, универзитетите и американската влада.
Но, „Slack“ се соочува со жестока конкуренција од конкурентска услуга на „Microsoft Corp.“ – „Microsoft Teams“. Друг конкурент – „Atlassian Corp.“, одлучи да ги затвори своите бизнис програми за разговор „HipChat“ и „Stride“ и да ги продаде своите активи на „Slack“ во јули. „Atlassian“ зеде удел во „Slack“ во тоа време и изјави дека претпоставува дека корисниците ќе мигрираат кон „Slack“. Две недели подоцна, почнаа да се појавуваат деталите за новите финансиски планови на „Slack“.
„Slack“ им овозможува на колегите во компанијата да комуницираат на отворени и затворени канали. Работата на проектот е поедноставена и отворена за вработените. Во моментов „Slack“ е лидер на пазарот – иако други компании, како „Microsoft“ сега се потпираат се повеќе на овој тип комуникација.
Некаде во јули „Microsoft Teams“ објавија бесплатна верзија на својот групен разговор. „Microsoft Teams“ започна првично во ноември 2016-та година, кога лидерот „Slack“ го „поздрави“ конкурентот со реклама на цела страница во „New York Times“.
Бидејќи досега „Microsoft Teams“ немаше слободна или „фримиум“ верзија, не беше реална можност за помалите фирми, стартапи и фриленсери. Досега околу 200.000 компании го користат „Microsoft Teams“ за внатрешна корпоративна комуникација, но бројот сигурно ќе се зголеми со бесплатна верзија, бидејќи таа овозможува неограничен разговор до 300 лица.