2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција планира да се откаже од сите Аll inclusive понуди

Турција планира да се откаже од сите Аll inclusive понуди

Туристичкиот сектор во Турција размислува дали да не се откаже од системот „Аll inclusive“, пишува весникот „Хуриет“, повикувајќи се на Конфедерацијата на трговци и занаетчии.

Според индустријата системот веќе е исцрпен и покрај тоа што бројот на туристите го надмина нивото од 2014-та година, приходите не се зголемуваат, дури се намалуваат.

Турскиот министер за туризам и култура, Мехмед Ерсој, исто така смета дека нешто треба да се промени и дека земјата треба да се стреми кон раст на парите што еден турист ги остава.

Во моментов, според хотелиерите, просечниот приход од соба е 76 евра на ден.

Се очекува Турција да ја посетат 36 милиони туристи во 2018-та година, што претставува генерирање на приходи од околу 30 милијарди долари – 4% од БДП-то.

Најмногу се туристите од Русија – 4,5 милиони во минатата година, сладат Германците со 3,5 милиони, а потоа се Бугарите кои ја посетија Турција – 1,85 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП