3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi А1 e-tron во подобрена верзија

Audi А1 e-tron во подобрена верзија

a1 etron

Германскиот производител „Audi“ го претстави подобрениот модел „A1 e-tron“ кој го опишуваат како модел на следната генерација. Она што го одликува е моќен електромотор кој развива 115ks и 300Nm вртежен момент што е зголемување за 13ks и 60Nm.

Овие перформанси на овој модел му овозможуваат забрзување од 0 дo 100km/h да постигне за 9.8 секунди, додека максималната брзина која може да ја постигне е ограничена на 130km/h. Електромоторот го придвижува 13.3kWh литиум-јонска батерија која на возилото му овозможува да помине приближно 50 километри со едно полнење.

Новиот „A1 e-tron“ го карактеризира и унапреден систем за електронска стабилност како и оптимизиран систем за обновување на енергијата со пет различни нивоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП