4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 300.000 мигранти досега се вработиле во Германија

Повеќе од 300.000 мигранти досега се вработиле во Германија

Повеќе од 300.000 мигранти досега се интегрирале на пазарот на труд во Германија. „Според најновите статистички податоци, околу 300.000 мигранти се вработиле, што е речиси 100.000 повеќе во однос на истиот период лани. Тоа е повеќе од очекуваното“, соопштиле властите.

Уште 480.000 мигранти се во активна потрага за вработување. Познавањето на германскиот јазик останува најважен критериум во просецот на интеграција на пазарот на труд. Покрај ова, најголеми шанси за вработување имаат младите бегалци.

Во ударните мигрантски бранови од 2015 до 2017 година во Германија пристигнале приближно 1,4 милион бегалци. На германскиот пазар на трудот во овој момент му недостигаат околу милион работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП