24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД продава 11 милиони барели нафта од своите стратешки резерви

САД продава 11 милиони барели нафта од своите стратешки резерви

Министерството за енергетика на САД одлучи да продаде 11 милиони барели нафта од своите стратешки резерви во позадина на очекуваниот ефект од санкциите против Иран, кои се очекува да ги намали вкупните испораки на светскиот пазар, пренесе „Ројтерс“.

Барањата за купување на „црното злато“ ќе се собираат до 28-ми август, а самите снабдувањата ќе бидат реализирани од 1-ви октомври до 30-ти ноември, се прецизира во соопштението на Министерството за енергија.

Владата на САД воведе финансиски санкции против Иран, кои почнуваат да дејствуваат од почетокот на ноември и се насочени и против нафтениот сектор на третиот производител на црното злато во „ОПЕК“, потсетуваат агенциите.

Отворањето на стратешките резерви на нафта на САД очигледно имаат за цел да покажат дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп презема мерки да парира на покачувањето на цените на енергенсите во перспективата на санкциите, коментира за „Ројтерс“ инвеститор на нафтениот пазар.

Со два закони донесени порано Конгресот го задолжи Министерството за енергија да продаде 25 милиони барели сурова нафта од стратешките резерви во текот на трите финансиски години (во САД тие почнуваат на 1-ви октомври), почнувајќи од 2017-та година, а исто така и 58 милиони барели за осум години, почнувајќи од 2018-та година.

Американските стратешки нафтени резерви се создадени со одлука на Конгресот на САД во 1975-та година по светската нафтена криза со цел да не се дозволени нови вонредни ситуации. Во Луизијана има околу 713,5 милиони барели нафта, а вкупниот капацитет на складиштето е 727 милиони барели. Американските стратешки нафтени резерви се најголемите во светот, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП