12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали се подготвува најмоќното Audi во историјата?

Дали се подготвува најмоќното Audi во историјата?

Новиот „Audi RS7“, кој веќе тестира на вистински пат, ќе биде најмоќниот сериски автомобил во целата историја на компанијата, открива „Auto Express“. Исто така, тој ќе биде првиот автомобил на спортската дивизија на „Audi“, претворена во „плуг-ин“ хибрид сличен на „Porsche Panamera Turbo“.

Новата „RS7“ ќе биде достапна на пазарот следната година, која веќе долго време е подготвена поради постојано растечкиот интерес за спортските модели на „Audi“. Ако се суди според шпионски фотографии на тест-верзиите, промените во дизајнот нема да се којзнае колку револуционерни: поагресивна предница и светла, повеќе издадени браници и нов ауспух. „RS7“, исто така, ќе добие посебна суспензија и керамички сопирачки развиени за новата „Panamera Turbo“.

„RS7“ ќе има две опции: стандардна и дополнително засилена, која ќе се вика „Performance“. „Обичната“ верзија ќе се движи од новиот 4-литарски твин турбо „V8“ на „VW“, кој веќе се користи од „Panamera Turbo“, „Lamborghini Urus“ и „Bentley Bentayga“. Моќноста тука ќе е заокружена на 600 „коња“, во комбинација со системот „quattro“ за погон на сите четири тркала и „S-tronic“ менувач со две спојки.

Верзијата „Performance“ ќе биде опремена со хибридна технологија на „Porsche“. Во прилог на „V8“ тука ќе биде и електричен мотор со 140 коњи. Комбинираната моќност најверојатно ќе биде од редот на онаа кај „Panamera Turbo S E-hybrid“ – односно 671 коњски сили и 850 Нм максимален вртежен момент, или дури и ќе ја надмине. Ова ќе го направи „RS7 Performance“ не само најмоќниот, туку и еден од најбрзите „Audi“ во историјата, со само 3,5 секунди од 0 до 100 км/ч.

Со новиот „RS7“, започнува цела серија премиери за „Audi Sport“. Одделот објави дека ќе го прошири својот опсег од 11 на 16 различни производи во 2020-та година. Главните напори ќе бидат фокусирани на креирање на спортски верзии на кросоверите на марката – „RS Q3“, проследено со „РЅ Q8“ и, конечно, „RS Q5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП