6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмунитетот зајакнете го со овие 3 зачини

Имунитетот зајакнете го со овие 3 зачини

Во организмот не треба да внесувате премногу чај или премногу овошје, ниту пак напитоци со високи содржини на мултивитамини, а особено не премногу апчиња.

Со цел имунитетот преку целата година да ви е на високо ниво, вметнете ги овие три зачини во вашето секојдневие.

Ѓумбир

Освен специфичниот мирис со кој ја оплеменува храната, ѓумбирот исто така е лек за проблеми со варењето, мачнини и помага при лекувањето на симптомите на настинка и грип. Свеж се користи за подготовка на чај, а во прав можете да го посипете преку омилената храна.

Цимет

Овој зачин има долга историја во лекувањето на одредени болести. Можете да го додадете во колачи, врз свежо овошје, во житарките, медот, кафето или чајот.

Ѕвездест анасон

Освен што изгледа интересно и атрактивно, има и посебен вкус и извонредни антивирусни својства. Анасонот додадете го во чаевите и јадењата од ориз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП