17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Британија постои ризик за исчезнување на лекови по брегзитот

Во Британија постои ризик за исчезнување на лекови по брегзитот

Британска здравствена организација денеска предупреди дека би можело да снема лекови ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор за идните односи, пренесе РСЕ.

Во писмо проследено до шефовите во јавниот здравствен систем НХС, а до кое дојде британски „Тајмс“, организацијата укажува на недостиг на видлива и соодветна комуникација на владата околу подготовките за брегзит.

Директорот на организацијата, Крис Хопсон, наведе дека немањето договор би можел да погоди цел синџир за снабдување на фармацевтски производи.

Лондон и Брисел треба да постигнат договор за условите за брегзит и идните трговски односи до октомври, или најдоцна до декември, за сите членки на ЕУ да можат да го ратификуваат пред Велика Британија да ја напушти Унијата на 29 март следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП