11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеколку хотели во Црна Гора останаа без ѕвездички

Неколку хотели во Црна Гора останаа без ѕвездички

Неколку црногорски хотели сезонава останаа без ѕвездички, односно добија пониска категорија бидејќи Комисијата за категоризација утврди дека не ги исполнуваат стандардите за претходно доделената категорија.

Од Министерството за одржлив развој и туризам не соопштија за кои хотели станува збор, но предупредија дека при постапката за рекатегоризација, доколку се утврди дека објектот не ги исполнува стандардите на претходно доделената категорија, ќе му бидат одземени ѕвездички.

„Оваа сезона имаше неколку ситуации каде Комисијата на одредени хотели наместо четири ѕвездички, им додели три. Потребно е да се одржува постоечкото ниво, но и да се работи на унапредување на квалитетот и услугите на хотелските објекти“, велат од црногорското Министерство.

На почетокот на годината стапи на сила новиот Закон за туризам и угостителство, врз основа на којшто беше донесен нов правилник на условите и категоризацијата на угостителските објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП