26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМигрантите од ЕУ ќе можат да останат на Островот дури без договор...

Мигрантите од ЕУ ќе можат да останат на Островот дури без договор за Brexit

Имигрантите од Европската унија во Велика Британија ќе добијат еднострано право да останат во земјата, ако не дојде до договор меѓу Лондон и Брисел за „Brexit“, покажуваат владини документи, цитирани од „Дејли телеграф“.

Според документите имигрантите од ЕУ ќе продолжат да имаат пристап до националниот здравствен систем и ќе добиваат социјална помош.

Планот на британската влада е поврзан со стравувањата од недостиг на работна сила на пазарот на трудот во области, како што се здравството, социјалните активности и градежништвото.

На овој начин Обединетото Кралство ги гарантира правата на европските мигранти без разлика дали Брисел ќе се согласи да обезбеди исти права на Британците кои живеат во други европски земји.

Претходно Министерството за внатрешни работи на Велика Британија информираше дека во земјата живеат европски граѓани кои треба да добијат нов имиграционен статус по „Brexit“. Распределба на потребните документи за возрасни ќе чини 65 фунти (82,8 долари), а за деца до 16 години – 32,5 фунти, потсетуваат агенциите.

Новиот имиграционен механизам делумно ќе се активира во крајот на оваа година, а во полн обем ќе проработи од 30-ти март 2019-та година. Крајот на доставувањето на нови документи е 30-ти јуни 2021-ва година. Во Велика Британија, трајно живеат 3,6 милиони граѓани на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП