29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на Град Скопје размислува за набавка на опрема за директен пренос...

Советот на Град Скопје размислува за набавка на опрема за директен пренос на седниците

Советот на Град Скопје на наредната седница, којашто ќе се одржи в четврток, ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видеопреноси на седниците во живо.

Со одлуката би требало да се одобри набавка на три професионални видеокамери, осветлување, компјутерска опрема и друга техничка опрема за реализација на вакви активности.

„Со ова ќе почне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и за зголемување на транспарентноста во работењето на Град Скопје“, информираат градските власти.

Оттаму додаваат дека преносите би се реализирале на официјалната веб-страница на Град Скопје, како и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните интернет-мрежи и медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП