3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската пошта казнета со 50 милиони фунти за злоупотреба на доминантна позиција

Британската пошта казнета со 50 милиони фунти за злоупотреба на доминантна позиција

Кралската пошта беше казнета со 50 милиони фунти од британскиот телеком  за заштита на конкуренцијата во областа на телекомуникациите, медиумите и поштенските услуги, „Офком“, поради дискриминација на својот единствен најголем конкурент во областа на испорака на пошта.

„Офком“ рече дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција со тоа што ги казнувала големопродажните клиенти кои сакале да се занимаваат со испорака на поштенски писма, како што се изводи од банки и даночни решенија од врата до врата.

Казната следуваше откако беше спроведена истрага врз основа на жалбата поднесена од страна на компанијата „Вистл“ во врска со промените на условите за работа направени на почетокот на 2014 година од страна на „Ројал мејл“, кои се однесуваа на договори со големопродажни клиенти, вклучувајќи ги и зголемувањата на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП