4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЅМ го потврди успешното завршување на грчката програма за спасување

ЕЅМ го потврди успешното завршување на грчката програма за спасување

Грција успешно ја заврши својата последна тригодишна програма за спасување, која беше договорена во 2015-та година за да и помогне во справувањето со должничката криза. Ова се вели во денешната изјава на Европскиот механизам за стабилност (Еuropean Ѕtability Мechanism – ЕЅМ), првиот ден по завршувањето на грчката програма.

„Денес можеме безбедно да ставиме крај на програмата на „ЕЅМ“ без повеќе последователни спасувачки програми, за прв пат од почетокот на 2010-та година, Грција може да стои на нозе“, изјави претседателот на владејачкиот одбор на „ЕЅМ“, Мариу Сентену.

Според него позитивниот развој во грчката економија се должи на напорите на грчкиот народ, добрата соработка со актуелната грчка влада и поддршката на европските партнери преку заеми и должнички олеснувања.

Во рок од три години, „ЕЅМ“ плати вкупно 61,9 милијарди евра за тригодишната програма за макроекономска помош и докапитализација на банките.

Уште 24,1 милијарда евра, исто така достапни во рамките на програмата, не беа неопходни за Грција, соопшти фондот.

Претходно вчера гурверньорот на Грчката централна банка Јанис Стурнарас предупреди дека земјата да не се откажува од преземените обврски кон доверителите по крајот на спасувачкиот план, затоа што во спротивно пазарите ќе ја напуштат.

Во изданието на весникот „Kathimerini“ од неделата Стурнарас наведува дека секое отстапување во однос на обврските може да ја стави Грција пред големи ризици во време во кое таа може да е особено ранлива на финансиските проблеми во соседна Турција, Италија и во други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП