4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги поддржува напорите на Анкара за зачувување на економската стабилност

Кина ги поддржува напорите на Анкара за зачувување на економската стабилност

Кина ги поддржува напорите на турската влада за зачувување на безбедноста и економската стабилност на земјата и изрази уверување дека официјална Анкара ќе ги надмине своите „привремени потешкотии” со кои се соочува имзинатиов период, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

Ванг Ји пораката телефонски му ја пренел на тускиот колега Мевљут Чавушоглу, а информацијата ја потврди и кинеското Министерство за надворешни работи.

Пораката на Кина следува откако турската лира веќе неколку дена бележи пад, по санкциите кои Турција ги доби од САД. По тридневен раст турската лира денеска повторно падна, бидејќи САД се заканија со нови санкции.

Дипломатскиот спор ја засили и загриженоста на инвеститорите.

Претходно вчера за време конгресот на АКП во својот говорот турскиот претседател Ердоган се осврна на последните случувања поврзани со турската економска криза и нагласи дека „некои им се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, девизите, каматите, инфлацијата, но тие ја увиделе нивната игра и сега ги, како што посочи Ергодан ги предизвикуваат“.

„Нема да се предадеме на оние кои се прикажуваат како наши стратешки партнери, а во секој чекор се обидуваат да нè претворат во стратешка цел“, додаде Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП