4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги пренасочуваат парите за Сирија кон други приоритети

САД ги пренасочуваат парите за Сирија кон други приоритети

Администрацијата на САД одлучи повеќе да не финансира проекти за стабилизација на Сирија и најави дека тие средства ќе ги насочи кон други приоритети.

Како што пренесе „АП“, администрацијата на претседателот Доналд Трамп го известила Конгресот дека нема да потроши 230 милиони долари, планирани за програмата за Сирија.

Портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Науерт рече дека одлуката за тоа ја донел државниот секретар, Мајк Помпео и дека намалувањето на средствата не се однесува на хуманитарната помош. Таа додаде дека американската помош ќе биде надоместена со придонесите на коалиционите партнери, со сума од 300 милиони долари, вклучувајќи ги 100-те милиони што ги вети Саудиска Арабија.

Одлуката на Помпео, како што додаде, ја уважува желбата на Белата куќа да се зголеми распределбата на средствата меѓу сојузниците. Според зборовите на Науерт, парите што требаше да  бидат наменети за Сирија, ќе се пренасочат за поддршка на други надворешно-политички приоритети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП