27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ВВВ-

Fitch го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ВВВ-

Меѓународната рејтинг агенција „Fitch Ratings“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Русија во странска валута на ниво на „BBB-“ со „позитивна“ прогноза. Ова беше објавено од рејтинг агенцијата.

Краткорочниот рејтинг на Русија во странска валута беше потврден и на нивото од „F3“. Долгорочниот кредитен рејтинг во националната валута се потврдува на ниво на „ВВВ-“ со „позитивна“ прогноза, а на краток рок на ниво на „F3“.

„Позитивната прогноза го одразува тековниот напредок во зајакнувањето на економската политика, која е поддржана од пофлексибилниот девизен курс, цврста решеност за инфлациските таргетирања и одржливата буџетска стратегија“, се вели во пораката на „Fitch“.

Агенцијата прогнозира растот на бруто домашниот производ на Русија да се успори во 2019-та година до 1,5 проценти од 1,8 проценти за 2018-та година во позадина на влијанието од зголемувањето на ДДВ-то. Сепак, во 2020-та година, очекувањата се дека стапката на раст ќе закрепне на 1,9 проценти.

На 6-ти јуни, руската Централна банка предвиде годишен раст од 1,5-2 проценти помеѓу 2019-та и 2021-ва година.

„Fitch“, исто така, верува дека руската економија добро се справила со априлските санкции од страна на САД.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека одлуката на „Fitch“ за кредитниот рејтинг на Русија е признание за отпорноста на економијата на надворешни шокови, како и високата оценка за квалитетот на макроекономското регулирање. Според него, постојат предуслови за понатамошно подобрување на суверениот рејтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП