25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректор на General Motors ја призна кражбата од Ford

Директор на General Motors ја призна кражбата од Ford

Директорот на одделот за комерцијални возила на „General Motors“ – Тим Херик, призна дека неговата компанија го шпионирала големиот конкурент „Ford“, за да може да ги користи неговите технологии при изработката на новата генерација на пикапот „Chevrolet Silverado“/„GMC Sierra“.

За агенцијата „Ројтерс“ менаџерот изјави дека луѓе од неговата компанија се вклучувале во организираните од „Ford“ посети за надворешни лица во фабриката во Дирборн, каде се составува пикапот „F-150“. Вработените во „GM“ внимателно ја следеле конкуренцијата и го користеле она што го виделе за да можат да ги одберат вистинските материјали и технологии за сопствените модели.

Шпионажата започна во 2014-та година кога „Ford“ го претстави пикапот од „F-Series“ со алуминиумска конструкција. На овој начин, компанијата воведува нов стандард при потрошувачката на гориво кај лесните комерцијални возила. Бидејќи посетителите не смеат да снимаат во фабриката, луѓето од „GM“ го следеле времето потребно за секоја операција со стоперка.

Херик откри дека неговиот тим му купил врати од „F-150“, продавани како резервни делови, по што ги расклопувал и ги истражувал детално. Тоа помогна му „GM“ да ги намали цените на своите модели, бидејќи исто така почнал да користи врати, направени од комбинација на алуминиум и висококвалитетен челик. Тој е потенок од обичниот челик и овозможува губење на тежината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП