8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОктоподот станува жртва на неговата популарност

Октоподот станува жртва на неговата популарност

Дали подготвен во шпански стил или исечен на кришки како јапонско сашими, октоподот како јадење станува жртва на својата популарност, објави „АР“.

Цената на мекотелот се зголеми речиси за два пати во изминативе две години, поради светскиот „бум“ во побарувачката на ова класично јадење. Понудата заостанува, бидејќи фармите сè уште не успеваат да одгледуваат октоподи и се потпираат на струи на океанот за добри улови.

Оваа година е тешка. Уловите се послаби во големите земји-производители, како што се Мароко и Шпанија.

Цената ќе се зголеми уште, вели Кармен Торес Лоренцо која продава риба веќе три децении на пазарот во Буеу во северната шпанска област Галиција, позната по јадењата со октопод.

Вредноста на нормално голем октопод фатен од локалните рибари, се зголеми од 7 евра на 14 евра за килограм во последните две години. Типично, цената е поголема во други земји, како САД, кои не се специјализирани за фаќање на октопод.

Организацијата за храна и земјоделство (FAO) посочи дека се очекува цените да продолжат да растат, бидејќи побарувачката е зголемена на сите големи пазари, вклучувајќи ги Јапонија, САД, Кина и Европа. Во исто време, фаќањето е ограничено, дури и во најголемите земји што го нудат, како што се Мексико, Мавританија и Мароко.

Научниците во Јапонија и Шпанија работат на техники на одгледување на октопод, но сеуште не се подготвени за бизнис. Јајцата на октоподите се несат на морското дно, каде се оплодуваат и пренесуваат од движењата – услов кој е тешко да се реплицира во контролирана средина.

Според претседателот на рибарскиот еснаф во Буеу, Хозе Мануел Розас има голема побарувачка на октоподи, а „она што можеме да го понудиме, е малку“ и цената се зголемува. Според него, зголемувањето на квотите за уловот не е опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП