25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа „Табановце“ и „Богородица“ се чека по половина час за излез од...

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по половина час за излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека на граничните премини Табановце и Богородица, за излез од државата се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП