25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

Годишната инфлација во Европската унија бележи благ пораст на месечна основа во јули. Минатиот месец, порастот на цените изнесуваше 2,2% од 2,1% во јуни, објави „Еуростат“.

Сепак, на годишна основа, растот е поголем. Пред 12 месеци, инфлацијата беше 1,5%.

Сличен е и трендот на еврозоната. Во јули зголемувањето на цените изнесуваше 2,1%, а еден месец порано – 2%. Во истиот период од претходната година, инфлацијата изнесуваше 1,3%.

Потврдата на растот е добра вест за Европската централна банка (ЕЦБ), која се надева да ја прекине програмата за купување на обврзници до крајот на годината, алудирајќи на можно зголемување на каматните стапки во следната година, наведува „Ројтерс“.

Целта на ЕЦБ е да ја држи инфлацијата близу до 2%, но не под нив.

Според податоците на „Еуростат“ најниска инфлација била во Грција (0,8%), Данска (0,9%) и Ирска (1,0%).

Додека со најголемо зголемување на цените е Романија (4,3%), Бугарија (3,6%), Унгарија (3,4%) и Естонија (3,3%).

Наспроти јуни 2018-та година годишната инфлација се намалува во девет земји членки на ЕУ, а останува без промена во шест од нив и се покачува во 13.

Во јули најголем придонес за растот на цените во еврозоната има енергетскиот сектор (0,89 пр.п.), услугите (0,64 пр.п.) и храната, алкохолот и тутунските производи (0,49 пр.п.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП