19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе одговори ако САД наметнат нови санкции

Турција ќе одговори ако САД наметнат нови санкции

Турција се закани дека ќе одговори ако САД воведат дополнителни санкции во врска со апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон, што предизвика криза во односите меѓу двете земји.

„Ние веќе одговоривме врз основа на правилата на Светската трговска организација и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави турскиот министер за трговија, Рухсар Печкан, за агенцијата „Анадолија“.

САД се заканија дека ќе воведат нови санкции ако Турција не го ослободи Брансон.

Британската агенција „Ројтерс“, пак, објави дека турската лира утрово повторно паднала бидејќи инвеститорите почнале да ги анализираат новите предупредувања од страна на Соединетите Американски Држави. Вредноста на лирата оваа година падна речиси 35 проценти во однос на доларот, што во најголема мера е последица на влошување на односите помеѓу двата сојузника во НАТО поради апсењето на Бренсон во Турција, како и загриженост за влијанието на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган врз националната монетарна политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП