19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota се откажа со уште еден модел во Европа

Toyota се откажа со уште еден модел во Европа

Сегментот на компактните комбиња и на миниванови на европскиот пазар продолжува да се намалува поради притисокот на кросоверите што го принуди јапонскиот прозиводител да се откаже од продажбата на моделот „Verso“.

Според „Autocar“, од јануари до јули, на британскиот пазар, кој е еден од главните за „Verso“, биле продадени само 852 единици. За споредба, резултатот на „RAV4“ кросоверот е 3.969, што е она што овој модел одзема дел од купувачите на миниванот.

Друга причина за откажувањето на „Verso“ е дека е достапен само со класични 1.6-литарски и 1.8-литарски атмосферски мотори. Исто така има и 1,6-литарска турбо дизел верзија, но популарноста на автомобили со овој вид на гориво во Европа продолжува да опаѓа. Во исто време, со „RAV4“, најголемиот дел од продажбата е со хибридната модификација.

Интересно, компанијата планира да продолжи со продажба на својот втор миниван – хибридот „Prius +“, иако неговата продажба е послаба од „Verso“. Во Обединетото Кралство, биле продадени само 532 примероци во првите 7 месеци од годината.

Што се однесува до „Verso“, останатите дилери на моделот ќе можат да го продаваат, но нема да има повеќе испораки. Досега, моделот останува на пазарите во Јужна Африка, Кина и Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП