27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК ќе ги разгледаат предлог-одлуките за измена на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година на ДИК за референдумот, доделување авансни средства на Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за обиколка и обезбедување на избирачките места, како и за доделување на средства за тековни трошоци и транспортни трошоци на општинските изборни комисии. ДИК ќе ги разгледа информациите и за текот на пријавувањето на граѓаните за гласање во странство.

На дневниот ред ќе бидат и барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии со Укажување за постапување на општинските изборни комисии, а ќе изврши случаен избор за испразнетите места во ОИК.

Согласно најавите, членовите на Комисијата ќе одлучуваат по барањето за добивање на овластување за набљудување на Референдумот 2018 за Граѓанската асоцијација МОСТ и за Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП