29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКалифорниските даноци oд марихуана се зголемуваат, но сепак се далеку од целта

Калифорниските даноци oд марихуана се зголемуваат, но сепак се далеку од целта

Законскиот пазар за марихуана во Калифорнија објави слаб почеток во однос на даночните приходи.

Акцизите и даноците за марихуана достигнаа 48 милиони долари помеѓу април и јуни, објавија локалните власти. Ова е повеќе од претходните три месеци, но е далеку под огромните суми што ги очекува државата.

Финансиски службеници прогнозираа дека Калифорнија ќе собере 185 милиони долари од акцизи и даноци за одгледување марихуана во првите шест месеци од законската продажба, која започна на 1-ви јануари оваа година. Сепак, за првата половина, износот е значително помал – само 82 милиони долари.

Пониските даночни приходи ги истакнуваат проблемите на почетокот на најголемиот легитимен американски пазар.

Во меѓувреме, нелегалната продажба продолжува да напредува. Истовремено многу области забранија трговската дејност со марихуаната, ограничувајќи го бројот на местата каде што може да се купи легално канабис. Компаниите велат дека високите даноци кои можат да достигнат до 50 проценти во некои области, исто така, се причина оваа активност да се развива нелегално.

Ситуацијата е доста сериозна, вели Езекија Ален, извршен директор на калифорниската асоцијација на одгледувачи на растенија која ги заштитува правата на земјоделците и компаниите.

Жителите на Калифорнија купуваат многу канабис, но не од легитимни продавници, вели Алан. На пазарот во државата е потребна голема промена, ако таа функционира (…) главно на локално ниво, додаде тој.

Во вторникот државните регулаторни власти во Лос Анџелес ислушаа голем број поплаки и грижи поврзани со калифорниската канабис економија, за која очекувањата се да се зголеми до 7 милијарди долари.

Меѓу нив е нестабилниот синџир на снабдување, недостатокот на лиценци и оспорениот предлог за решавање на снабдувањето во своите домови во градовите, кои забрануваат продажбата на „трева“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП