27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонг Конг има најценети имоти во светот

Хонг Конг има најценети имоти во светот

Хонг Конг е град со најценети имоти во светот, според истражувањето на магазинот „The Economist“ меѓу 22 светски градови.

Цените на куќите во градот се 94% повисоки од долгорочниот просечен расположлив доход на домаќинствата помеѓу 1995-та и 2018-та година, според пресметките на списанието.

По Хонг Конг следат Оукленд (75%), Париз (70%), Брисел (67%), Ванкувер (65%), Лондон 59%, Осло (53%), Сиднеј (50%) и Копенхаген (48%).

Градовите кои бележат пад на најценетоста на имотот над просечниот приход на населението се Токио (-8%) и Сингапур (-3%).

Најголем годишен раст на цените во 2017-та година меѓу истражуваните градови го остварува Берлин со 13,2%, потоа Копенхаген за 12,9% и Хонг Конг за 12,6%.

„The Economist“, исто така, следи како се менуваат цените на имотот во изминатите пет години. Најсилниот раст беше забележан во Даблин со 78,5%, потоа Берлин со 63,1% и Ванкувер со 60,4%.

Изданието, исто така, ја оценува состојбата на националните пазари за недвижности во водечките светски земји. Најмногу се занемарува пазарот за недвижности во Нов Зеланд, по што следат Австралија и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП