28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската лира се стабилизира трет ден по ред

Турската лира се стабилизира трет ден по ред

Знаци на закрепнување се појавија на пазарите по стабилизирањето на турската лира трет ден по ред приближувајќи се на долгорочното ниво.

Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, денеска планира да одржи средба со повеќе од 3.000 инвеститори кои сакаат да се запознаат со деталите од неговиот план за стабилизирање на економијата на земјата, која се бори со висока инфлација и нестабилна валута.

Централната банка на Турција ги презеде акциите за поддршка на валутата.

Утрово доларот се разменува за 5.8544 лири во споредба со 7.0891 лира на 13 август. Еврото се разменува за 6.6627 лири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП