29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто ве спречува да успеете?

Што ве спречува да успеете?

Иако многу се трудите и вложувате максимални напори за се да успеете, нешто сепак ве кочи. Проверете дали овие работи владеат со вас. Доколку е тоа така, веднаш променете ги!

Негативни мисли – Дружете се со колегите кои помагаат и се радуваат кога во близина имаат добар работник. Престанете да се зближувате со оние кои имаат низок квалитет на работа. Дружете се со луѓе какви што сакате да бидете.

Претерано анализирање – Премногу размислување создава параноја. Не размислувајте една ситуација по 10 пати, тоа само ве кочи во напредокот. Пронајдете активност која ќе ве опушти, како што е прошетката или спортот. Кога ќе се вратите на работа ќе бидете подготвени за работење и нови успеси, наместо за неколку-часовни анализи.

Бесцелност – Ништо не планирате, верувате дека некако и некаде сe што треба ќе се случи? Неопходни ви се цели, а стручните лица кои се занимаваат со мотивациски активности предлагаат секојдневно да се будите со мислата дека треба нешто да направите за да и се доближите на целта. Обидете се, ќе вреди.

Мрзеливост – Мрзеливоста е недостаток на волја да се вложи во нешто. Иако работата не секогаш ви е привлечна, тоа не е причина да бидете пасивни. Не постои личност која потполно ги исполнува должностите и обврските, но затоа сите успешни луѓе се подготвени за напорна работа.

Страв – Се плашите да не излезете смешни пред колегите, се плашите да не доживеете неуспех, се плашите да преземете иницијатива… За да напредувате, одбијте ги мислите дека сте ограничени на било кој начин. Изградете силна самодоверба, развијте ги максимално своите таленти и вештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП