19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг, поради царините, на крајот од месецот испраќа преговарач во САД

Пекинг, поради царините, на крајот од месецот испраќа преговарач во САД

Кина ќе испрати висок официјален претставник во САД кон крајот на август за да ги продолжи трговските преговори, првите разговори од тој тип во последниве недели, објави денеска кинеското Министерство за трговија.

Заменик-министерот за трговија, Ванг Шувен, ќе се состане со американскиот министер за финансии, Дејвид Малпас, на повик на САД, соопшти министерството.

„Кинеската страна потврдува дека се спротивставува на едностраноста и практиката на трговскиот протекционизам и не прифаќа унилатерални мерки за трговско ограничување”, вели министерството.

„Кина го поздравува дијалогот и комуникацијата врз основа на реципроцитет, еднаквост и интегритет”, се додава.

Посетата на Ванг, проценува агенцијата на ДПА, може да биде знак дека Кина и САД бараат излез од ескалирачката трговска војна, во која двете страни и понатаму ги зголемуваат царините.

САД ја обвинуваат Кина за нефер тргување, особено кога станува збор за технологијата. Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го намали трговскиот дефицит, кој минатата година изнесуваше 375 милијарди долари.

Пекинг е до одреден степен ограничен во однос на опциите за одговор, со оглед на тоа што е во ситуација повеќе да извезува отколку да увезува стоки од најголемата економија во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП