ЕКОНОМИЈА

По санкциите, Москва најави контрамерки против САД

Русија работи на изнаоѓање реципрочен одговор кон САД кога Соединетите Американски Држави воведоа санкции кон една руска компанија, соопшти денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија.

САД ги воведоа санкциите кон руската компанија бидејќи, според нив, таа ѝ помагала на Северна Кореја.

Санкциите на Вашингтон се наменети за руската компанија и нејзиниот генерелен директор, Василиј Александрович Колчанов.