3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M најмногу заработи во Германија

H&M најмногу заработи во Германија

h&m1

Шведскиот моден гигнат „H&M“ лани оствари продажба од 21,2 милијарди долари, а за оваа бројка најмногу придонесоа Германците.

Германија е најголемиот пазар за оваа компанија, на кој лани „H&M“ заработи повеќе од 4,5 милијарди долари. Во Германија во 2012 година постоеа 406 продавници на „H&M“, што е за 150 продавници повеќе од вториот најголем пазар на „H&M“ – САД, каде приходите од продажбата изнесуваа 1,89 милијарди долари.

Најмалку пари заработи во Словачка, каде приходите во 13 продавници изнесувале 51 милион долари, тоа е речиси за половина помалку од хрватскиот пазар, каде приходите од 11 продавници изнесувале 91,3 милиони долари.

Вкупната продажба на „H&M“ постојано расте, од 2008 година таа е речиси двојно зголемена. Пред четири години „H&M“ забележа продажба од околу 12,8 милијарди долари, а тогаш беше присутна во 28 земји. Во 2011 година бројот на земји во кој брендот „H&M“ постои се зголеми на 32.

Но, 2013 година за „H&M“ не започна брилијантно. Во февруари оваа компанија забележа пад на продажбата. Во март беше забележан благ раст. Ладното време ја забави продажбата на пролетната облека, а во април беше забележано зголемување на продажбата за еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП