23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Елсеведи електрик“ заинтересирана за инвестирање во енергетскиот сектор во Македонија

„Елсеведи електрик“ заинтересирана за инвестирање во енергетскиот сектор во Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев остварил средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи Електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженер Ахмед Ел Севеди.

На средбата како што информираат од Владата, се разговарало за можностите за инвестирање во земјата. Менаџментот на компанијата, додаваат од Владата, покажал особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија посебно во областите каде фирмата е лидер на пазарот и тоа за обезбедување целосни и интегрирани енергетски решенија во различни сектори како што се: проводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија.

На средбата покрај делегација на мултинационалната компанија, присуствувал и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“ која е дел од групацијата „Елсеведи“.

Премиерот Зоран Заев, на средбата ги информирал соговорниците за новиот Закон за енергетика, во кој се содржани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет, како и дека Македонија е на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи.

Од Владата додаваат, на средбата се разговарало и за отворените можности за инвестирање во железничкиот сообраќај, енергетската инфраструктура, хидроенергетскиот систем и секторот за природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП