Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Министерството за финансии на Руската Федерација предлага воведување еколошки данок со цел да се замени сегашниот надоместок за негативното влијание врз животната средина. Предложени се даночни стапки што се утврдени според типот на загадувачи, според материјал и отпад.
Целта на даночењето се оправдува со загрижувачките резултати од загадувањето на воздухот, како и формирањето, складирањето и акумулацијата на создадениот отпад, јавува руска „Газета“.
„Даночните обврзници се предмет на регистрација за данок за животна средина на локации и објекти што негативно влијаат врз животната средина, а исплатата се врши во рок од 30 дена од денот на регистрацијата во согласност со законодавството на Руската Федерација во областа на заштитата на животната средина“, се наведува во соопштението.
Данокот исто така ќе се наплаќа и во случај на создавање поголеми количини ѓубре.
Еколошките даночни иновации би требало да станат дел од општите промени. Претходно, владата вети дека ќе ги реформира сите неданочни плаќања. Треба да се креира посебен регистар на такви такси, а некои од нив се пренесуваат во даноци и се вклучуваат во даночниот законик.
Во мај годинава рускиот премиер Дмитриј Медведев им даде инструкции на Министерството за финансии и Министерството за економски развој до 1 септември да се произнесат по прашањето на неданочни плаќања и да го балансираат приватниот и јавниот интерес.
Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија во четвртиот квартал од 2018-та година, откако извозот не успеа да ја зголеми економијата, објави…
Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката, Наташа…
Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8…
Гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја заштити Европската унија, велејќи дека тој обезбедува начин на земјите да го бранат суверенитетот во се…
Европскиот комесар за трговијата Сесилија Малмстром изјави дека евентуалнит трансатлантски трговски договор може да биде постигнат пред крајот на годината. Таа исто така истакна дека…
Франција и Германија договориле детален предлог за буџетот на еврозоната, кој треба да го охрабри растот, да се зајакне конкурентноста и да ја намали разликата…
Времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува…
И покрај големиот број проблематични сигнали за состојбата на најголемата европска економија, германската влада забележа рекорден буџетски суфицит од 58 милијарди евра (65,8 милијарди долари)…
Шестнаесет милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за…
Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на…