3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen повлекува околу 26.000 автомобили од Австралија

Volkswagen повлекува околу 26.000 автомобили од Австралија

vw2

Германската компанија „Volkswagen“ денес објави дека во Австралија ќе повлече речиси 26.000 автомобили, поради потенцијални проблеми со менувачот.

„Volkswagen“ во Австралија ќе повлече возила од моделите „Golf“, „Jetta“, „Passat“, „Polo“ и „Caddy“ кои се произведени меѓу јуни 2008 година и септември 2011 година.

Повлекувањето се однесува за 25.928 возила со 7-степен менувач (DQ200). Во некои случаи, електронска грешка во контролната единица внатре во менувачот може да предизвика прекин на напојувањето, се наведува во соопштението на филијалата на „Volkswagen“ во Австралија. Најчесто за настанувањето на ваквите грешки се виновни временските услови и топлата и влажна клима.

„Volkswagen“ минатиот месец повлече околу 91.000 автомобили во Јапонија, наведувајќи го како потенцијален проблем менувачот, што претходно предизвика повлекување на возила во Кина.

„Volkswagen“ истакнува дека механичките проблеми не влијаат на автомобилите кои сега се произведуваат и продаваат.

„Volkswagen“ во автомобилите кои ќе ги повлече од клиентите ќе ја замени кутијата на менувачот без дополнителни трошоци за сопствениците. Исто така, ќе го ажурира и софтверот на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП