26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

Детските игри, како криенка, плочка, граница, ластик, џамлии, сервис, беа главна забава за време на летниот распуст. Но, веќе со години не е така. Нивното место го заменија компјутерите, таблетите, мобилните телефони.

Маалските игри со кои растеа денешните родители се речиси целосно заборавени. Нивните деца никогаш не играле речиси ниту една од овие игри. Токму поради тоа што детската игра на улицата е заборавена, организаторите на проектот „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“ одлучиле еден од настаните да биде посветен токму на потсетувањето и заживувањето на заборавените детски маалски игри, се вели во соопштението испратено од организаторите.

Настанот, додаваат оттаму, ќе се одржи денеска, а е замислен како еден вид работилница преку која децата ќе се запознаат со тајните и правилата на игрите, како плочка, ластик, џамлии и други.

Во соопштението се додава и дека организаторите биле поттикнати и од едно истражување што било спроведено кај 12.000 родители во десет земји, а кое покажало дека една третина од децата на возраст од 5 до 12 години надвор поминуваат помалку од 30 минути на ден.

Од друга страна, психолозите порачуваат дека токму играњето надвор има низа позитивни ефекти во правилниот развој на децата – го намалува стресот, ги учи да се социјализираат и да се снаоѓаат во разни ситуации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП