26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДневните весници во Германија губат читатели

Дневните весници во Германија губат читатели

Печатените дневни весници во Германија дневно ги читаат речиси 40 милиони луѓе, што е 1,3 милион помалку отколку во истиот период минатата година, соопштија од агенцијата за медиумска анализа АГМА.

Според најновите податоци, 55,8 отсто од возрасните жители на Германија (над 14 години) дневно посегнуваат по печатените весници.

Најпопуларни се најавите на таблоидот „Билд“ со 9,42 милиони читатели, а далеку зад него по дневниот тираж се весниците „Ѕидојче цајтунг“ со 1,25 милион и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (FAZ) со 760.000 читатели, според „Хина“.

Од надрегионалните весници, само левичарско-либералниот „Ѕидојче цајтунг“ забележа зголемување на бројот на читатели. Во споредба со минатата година, тиражот го зголемија регионалните дневни весници во Германија, кои секојдневно ги читаат 32 милиона корисници.

Корисниците на онлајн-изданијата на дневните весници не учествуваа во истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП