24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕднократна парична помош за првачињата во Општина Аеродром

Еднократна парична помош за првачињата во Општина Аеродром

Општина Аеродром од оваа година ќе почне со доделување на еднократна парична помош од 3.500 денари на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија.

За оваа намена, Општината има издвоено околу 2.800.000 денари од сопствениот Буџет за околу 800 првачиња.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Барањата можат да се поднесат секој работен ден од 9 до 15 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена за почетокот на учебната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП