27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во еврозоната порасна за 2,5% во јуни

Индустриското производство во еврозоната порасна за 2,5% во јуни

Во јуни наспроти мај индустриското производство е намалено за 0,7% во еврозоната и со 0.4% во ЕУ, покажуваат податоците на „Евростат“. За споредба, во мај индустриското производство постигна раст од 1,4% во еврозоната и 1,3% во ЕУ. На годишна основа индустриското производство е зголемено за 2,5% во еврозоната и со 2.6% во ЕУ.

Падот во еврозоната во јуни во однос на мај се должи на намалувањето на производството на капитални стоки со 2,9%, на расиплива стока за широка потрошувачка за 0,6%, на интермедијарните стоки со 0,5% и на основни производи за широка потрошувачка за 0,4%. Во исто време производството на енергија се зголеми за 0,5%.

Во ЕУ падот од 0,4% се должи на намалувањето на производството на капитални стоки со 2,0%, на интермедијарните стоки за 0,3%, на основните производи за широка потрошувачка за 0,2% и на расипливата стока за широка потрошувачка за 0,1 %. Во исто време производството на енергија порасна за 0,5%.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, за кои се со расположливи податоци, најголем пад на индустриското производство на месечна основа е забележан во Ирска (-8,9%), Холандија (-1,3%) и Унгарија (-1,2% ), а најголем раст постигнале Хрватска (+ 4,5%), Романија (+ 1,7%), Чешка и Финска (+ 1,5%).

Зголемувањето на индустриското производство во еврозоната за 2,5% на годишна основа се должи на растот на производството на капиталните стоки со 4,3%, на расипливата стока за широка потрошувачка за 2,8%, на интермедијарните стоки со 1,8% и на фиксните стоки за широка потрошувачка за 0,9%, а производството на енергија е намалено за 2,8%.

Во ЕУ растот од 2,6% на индустриското производство на годишна основа се должи на зголемувањето на производството на капиталните стоки со 4,4%, на расипливите стоки за широка потрошувачка за 3,1%, на основните производи за широка потрошувачка за 2,2% и на интермедијарните стоки со 2,1%, а производството на енергија е намалено за 2,0%.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, за кои се расположливи податоци, најголемо зголемување на индустриското производство е регистрирано во Ирска (+ 7,7%), Романија (+ 7%), Чешка (+ 6,9%) и Полска (6 , 7%). Пад е забележан во Данска (-1,2%), Португалија (-1,0%) и Холандија (-0,2%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП